Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан изјави дека е горд на вчерашната победа против Мароко и дека пласманот во финалето на Светското првенство е награда за неговите играчи.
„Чувствувам многу емоции и гордост. Очигледно беше декеа е тешко да се победи полуфинале. Им кажав на фудбалерите да го земат секој момент од денот, да го ценат и да уживаат во моментот и победата. За четири дена ќе играме за светската титула. Сега ќе уживаме и ќе се подготвиме за последниот натпревар на ова Светско првенство“, рече Дешан.