Министерката правда Рената Дескоска не сакаше денеска да зборува пред пратениците и да го образложи Законот за ЈО, како што бараше опозицијата, но напиша на својот фејсбук профил: „Очигледна е намерата на некои политички партии да го опструираат процесот на носење на Законот за јавно обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесетина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме, ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави Дескоска на фејсбук.
Во објавата таа додава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно признал дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност.
-Значи, на сите им е јасно кои се последиците од овој Закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, наведува Дескоска на Фејсбук.