Министерката за правда, Рената Дескоска, потврди дека АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија, и дека во истата ќе се цитираат само одредени oдлуки.
Во преамбулата на Уставот ќе се конкретизираат актите на АСНОМ. Се прават консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржаа уставните измени во Собранието, рече Дескоска, на конференција во Охрид за реформите во судството.
Во делот на преамбулата она што јас сум информирана дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскот народ за одлуките на АСНОМ, рече министерката.
Таа најави дека Владата утре ќе ги достави нацрт амандманите.
Рокот е утре до кога Владата треба да му ги достави нацрт-амандманите на Собранието. Вчера се правеа некои консултации за кои не сум во тек. Она што беше консултација со осумте пратеници во опозицијата, кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување на член кој ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ, рече Дескоска.