Десницата победува на изборите во Шпанија

Народната партија (PP) од десниот центар освои во неделата најмногу гласови на парламентарните избори во Шпанија и би можела да состави влада со крајно десната партија Vox, покажува излезната анкета на јавната телевизија TVE.

Според овие резултати, Народната партија освојува меѓу 145 и 150 мандати, а противмигрантската Vox меѓу 24 и 27 пратеници. За составување влада потребни се 176 пратеници во парламентот со 350 мандати.

Тоа би било првпат партија од крајната десница да влезе во шпанската влада по завршувањето на диктатурата на генералот Франциско Франко во 1970-те години и првото воспоставување на парламентарната демократија во Шпанија.

Владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија (PSOE) на премиерот на заминување Педро Санчез, според истиот извор, освојува меѓу 113 до 118 мандати, во анкетата објавена по затворање на избирачките места по 20 часот

Со освоени 28 до 31 пратеници во парламентот следи левата коалицска платформа Sumamos чијашто лидерка Јоланда Диаз и актуелна вицепремиерка пред изборите искажа подготвеност за коалицирање со PSОЕ.

Според излезната анкета објавена на мрежата Mediaset, Народната партија освојува 150 а Vox 31 мандат, додека PSOЕ ќе има 112 а Sumamos, составена од партијата коалициската Unidos Podemos и Sumar ќе има 27 пратеници.