Десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) си постави цел од 40 или повеќе проценти од гласовите за изборите за регионалниот покраински парламент во Саксонија што ќе се одржат на 1 септември.
„Можно е да владееме сами во Саксонија“, изјави главниот претставник на AfD, Јан Цверг на презентацијата на изборната кампања во Дрезден, додавајќи дека отсега неговата партија тргнува во лов на гласовите.
На изборите за Европскиот парламент, AfD имаше најсилна позиција во Саксонија со 31,8 отсто од гласовите.
Анкетите на јавното мислење за националните избори во моментов покажуваат израмнет рејтигн со конзервативната Унија на Христијанско-демократска унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), но сепак со мала преднот пред AfD.
Главниот кандидат Јерг Урбан зборуваше за ветерот в грб на националните избори.
„Овде на истокот, овде во Саксонија, можеме да направиме пробив“, им рече тој на своите гласачи, додавајќи дека неговата партија повеќе не сака да биде опозиција, туку сака да владее. „Не сакаме парче од колачот, туку ја сакаме слаткарницата“, рече Урбан.
Саксонската државна асоцијација AfD е категоризирана од саксонската разузнавачка агенција како потврдено екстремно десничарско екстремистичко движење. Партијата легално се бори против тоа.
И покрај падот на популарноста поради бројните скандали со нејзините политичари, хајката во мејнстрим медиумите и ставањето на големи нејзини делови под следење и опсервации на безбедносните служби и барањата на етаблираните партии за нејзина забрана, AfD успеа да профитира од незадоволството на граѓаните од работата на коалициската влада. AfD, исто така, имаше полза и од убедувањето на многу гласачи дека Унијата на CDU/CSU, исто така, нема да водеше подобри политики доколку беше на власт губејќи ја својата конзервативна и десна политичка ориентација.
AfD се етаблира како втора најсилна политичка партија во Германија на сојузно ниво од минатата година во повеќе истражувања на јавното мислење. На изборите за Европскиот парламент во првата седмица од јуни анализите покажуваат и дека AfD била особено успешна во источните делови од Германија и кај помладите гласачи. Во групата од 16 до 24 години оваа партија освоила 17 отсто од гласовите.
Разузнавачките служби ги класифицираа и AFD и нејзината младинска организација како групи со сомнителни десничарски и екстремистички ориентации. Ваквата оценка на службите ја потврди и судот во Келн, а партијата подоцна поднесе жалба. Во вторникот, Вишиот управен суд на Северна Рајна-Вестфалија ја започна жалбената постапка за случајот.
Главното политичко прашање на AfD е тврдокорниот антиимиграциски став, а партијата профитира од зголемената загриженост на многу германски гласачи за зголемениот број баратели на азил во земјата.
Подемот на AfD во анкетите во текот на изминатата година предизвика вознемиреност меѓу етаблираните партии во Германија и доведе до жестока социјална дебата. AfD повеќе од година е втората партија според довербата меѓу Германците, со речиси ист рејтинг колку што имаат вкупно трите партии од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц. Во водство се демохристијаните, кои сепак чувствуваат одлив на гласачите во полза на AfD.
Поради ваквиот подем на AfD, партијата е под жесток протисок од државните инстуции, судовите и безбедносните агенции кои нејзините ограници ги ставаат на листите екстремистички групи подложни на целосно следење. Истовремено, со помош на мејнстрим медиумите последните месеци сѐ почесто се организираат протестите против крајната десница, насочени во прв ред против AfD, a некои политичари и медиуми дури заговараат забрана на нејзиното дејствување.