Десните партии во Европа планираат здружување на силите

Суверенистичките, националистичките и антиимигрантските партии во Европа планираат да ги здружат силите по изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај и да оформат нов сојуз, соопштија во понеделникот функционери од четири групации.

„Сакаме да ги реформираме Европската унија и Европскиот парламент, а да не ги уништиме. Сакаме да донесеме радикална промена“, изјави Јерг Меутен челник на евроскептичнатра партија Алтернатива за Германија (AfD).

Меутен изјави пред новинарите дека новата пратеничка група во Европскиот парламент ќе биде наречена Европски сојуз за народите и нациите, како и дека во неа ќе влеат најмалку десет партии.

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, кој ја води десната партија Лига, во понеделникот во Милано се среќава со челници на AfD, десничарската Данска народна партија и конзервативната Финска партија. Сите тие ја поддржуваат иницијативата за основање нова група партии со заеднички интереси по европските избори следниот месец.