Штекли и неговиот познаник Колумбо, се спасија во Ист Гејт од лицето кое вчера пукаше во нив, но сѐ уште е неизвесно дали ќе преживеат. Повозрасниот Раде Трајковски – Штекли, е веќе опериран, дише самостојно и заздравува, а неговиот 23 – годишен придружник, утре ќе имат нова операција на градниот кош и на стомакот. Ставот на лекарите е дека и двајцата се во животна опасност, откако во едниот звршија најмалку 5 зрна куршуми и уште неколку во телото на Трајковски.
Но, додека здравствената состојба е позната и потврдена за настраданите, пиштолџијата сѐ уште е мистерија за истражителите. Чинот, како тој го испразнува шаржерот во двете лица сред бел ден во трговскиот центар Ист Гејт, циркулира меѓу медиумите и на социјалните мрежи, но и шпекулациите кои се појавија дека, сепак, човекот кој пука, освен што носи капа и слушалки, лицето му е покриено со маска.
Засега нема потврда, ниту е отфрлена можноста дека зад таквата маска да се крие вистинскиот идентитет на пукачот. Обвинителството разврската за нападот ја бара преку прегледување на снимките, земање на отисоци од напаѓачот и разговори кои се водат со очевидци. Мотивот засега, исто така, е непознат, а според полицијата, нападот е мафијашка пресметка.
Додека напаѓачот сѐ уште е непознат за истражните органи, неговата мета Раде Трајквоски Штекли, добра позната фигура од криминалното милје, за два месеца е втор пат мета на напад. Според медиумски, неофицијални информации, двата обида за ликвидација на Трајковски се продолжение на крвавиот судир меѓу двете најмоќни криминални групи во Скопје. Пресметката почнала во март годинава со двојното убиство во „Шиша бар“ каде беше ликвидиран Јетон Кривањева познат под прекарот Жила, и негов близок соработник.