Детали за синоќешната престрелка во струшко

Во меѓусебна престрелка меѓу две групи во струшко, едно лице го загуби животот, а двајца се повредени. Основното јавно обвинителство Струга изврши увид на лице место за настанот кој се случил вчера околу 22.00 часот, на локалниот пат Струга – Долна Белица.

Еден од повредените се наоѓа на лекување во струшката болница, додека пак другото поради тежината на повредите е пренесено на лекување во Скопје. Престрелката се случила кога на група лица било пукано од возило во кое се наоѓале неколкумина. Првичните сознанија за причината за настанот се меѓусебните нарушени односи. По настанот, сторителите го напуштиле местото и во моментов се недостапни на органите на прогонот, соопштуваат од Обвинителството.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга  во насока на расветлување на настанот и сторителите, издаде наредба за обдукција на починатото лице, за прибирање и вештачење на траги од лице место.

Возилото од кое се пукало е испратено на вештачење и обработка.​