Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „БМВ“ и машина за сечење дрва.
Од МВР информираат дека сообраќајката е пријавена вчера во 19.20 на крстосница од улиците „Алија Авдовиќ“ и „Христофер Жефаровиќ“.
Работната машина за сечење дрва била управувана од 65-годишниот С.С. од Скопје, а мотоциклот од 29-годишниот Р.Ш. од Скопје.
„На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница Свети Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.