Детали за тешката сообраќајна несреќа на „Борис Трајковски“, двајца повредени

Двајца возачи се повредени, од кои едниот со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ со улицата „Трајко Иванов“.

Според извештајот на Министерството за надворешни работи во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“, управуван од 26-годишниот И.М. од Скопје и товарно возило „там“, управувано од 67-годишниот Ј.А. од Скопје, двете возила со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, информира МВР.