Детали за тешката сообраќајна незгода кај „Олимпико“

Бошко С.(1939) од Скопје го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 20.00 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, моторцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(1997) од Скопје, удрил во пешакот Бошко С..

Од здобиени повреди на местото на настанот починал пешакот. Смрт е констатирана од доктор од ИМП, со чие возило Е.Б. бил пренесен во УЦ-Скопје каде му се констатирани телесни повреди.

Од незгодата со телесни повреди се здобил  и совозачот М.У.(25) од Скопје, на кој му е укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.