Околу 22 часот во саботата вечертта во казино лоцирано на булеварот „Партизански одреди“, во близина на крстосницата меѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“ се случила тешка кражба во казиното „Астра“.
Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главата, а и двајцата носеле автоматски пушки „калашников“.
„Кражбата се случила молскавично брзо, а во нападот, според засега непотврдени информации едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното. Нападот, според приватното обезбедување траел 20-ина секунди. Откако ги земале парите, влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец“, пишува порталот Инфомака.
Од МВР за „Инфомакс“ го потврдија настанот, и информираа дека полицијата работи на расчистување на случајот, а на лице место веќе бил направен увид,