Дете и шест возрасни убиени во напад во мескиканско летувалиште

Вооружени мажи во саботата убија дете и уште шест возрасни лица откако упаднале во одморалиште во централната мексиканска сојузна држава Гванахуато во регионот кој сѐ почесто е сцена на насилството на наркокартелите, соопштија властите

Снимки кои се споделуваат на социјалните мрежи ги покажуваат последиците од нападот во одморалиштето, гратчето Кортзар, околу 65 километри јужно од градот Гванахуато.

Засега не е познато кој стои зад пукањето во коешто се убиени седумгодишник, тројца мажи и три жени, соопшти локалниот оддел за безбедност во Картазар. Во истиот инцидент во летувалиштето Ла Палма тешко рането е уште едно лице.

Последните години ривалските наркокартели водат брутални борби за контрола над териториите и шверцерските рути низ државата, кој водат кон богатиот пазар во САД, чија вредност се проценува на повеќе од 40 милијарди долари.

Едно од видеото снимено набрзо по нападот прикажува шокирани возрасни лица и деца како минуваат крај мртвите тела во близина на базен.

„Стасаа до заби вооружени сикариоси (платени убијци) и еве што се случи“, се слуша глас на маж кој го користи терминот за изнајмени убијци додека снимал во одморалиштето во видеото споделени на социјалните мрежи.

„По нападот, напаѓачите побегнале, но не пред да оштетат продавница во одморалиштето и ги земале безбедносните камери и монитори“, соопшти полицијата во Картзар.