
Тригодишно дете било каснато од куче скитник, вчера во скопско Маџари, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во ПС Гази Баба, Љ.А. (41) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13 часот на улицата Маџари неговиот тригодишен син бил каснат за левата ногаод куче скитники. На детето му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Од МВР велат дека од куче скитник вчера била касната и А.П. (38) од Скопје. Инцидентот се случил околу 10.40 часот на булеварот 3 Македонска Бригада. Скопјанката била пренсена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.