Двегодишно дете од Сирија, кое патувало со родителите и поширокото семејство починало денеска во Прешево, пренесува Танјуг.
Момчето имало вродена срцева маана и Даунов синдром, а починало утрово околу 4 часот.
Поради проблеми со срцето укажана му е медицинска помош во амбулантата во прифатниот центар, повикана е Брза помош, но детето на пат кон болницата во Врање починало.
Детето е погребано утринава во Прешево, а родителите и семејството го продолжиле патувањето кон Шид.