Десетгодишно дете е прегазено од автомобил вчера вечерта околу 20 часот на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и со тешки повреди пренесено во Клинички центар
Автомобил „опел“ управуван од 30-годишниот кумановец Т.О. удрил во детето кое се здобило со тешки повреди.
По укажаната лекарска помош во кумановската болница, детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Екипи на полицијата извршиле увид на местото на несреќата.