Детектор: Во недела соочување на Силјановска, Пендаровски и Река

На седум дена пред првиот круг гласање за шеф на државата ја најавуваме дебатата, на која ќе се соочат тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во „Детектор“, во недела 14 април во 16.30 часот на фрекфенција на ТВ Сител.

Домаќините на емисијата Славица Арсова и Иван Кузмановски на претседателските кандидати ќе им ги претстават ставовите и мислењата на граѓаните за теми кои ги засегаат и се мошне важни за нив. Според формата на „Детектор“, во дебатата ќе бидат презентирани факти од јавен интерес и ќе се користат податоци од истражувањата кои наменски ги направи Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Токму затоа претстојната дебата е предизвик и за идните претенденти за претседател на земјава, кои ги споделија и своите очекувања пред официјалното соочување.

Очекувам фер и конструктивна дебата со моите против кандидати на која ќе го елаборирам мојот концепт за една република за сите. За република со владеење на законот, а не на поединецот, сподели кандидатот Блерим Река.

За Гордана Сиљановска–Давкова претстојната дебата е можност „конечно да ги детектираме нашите програми односно нашите визии за Македонија низ призма на претседателската функција“.

А Стево Пендаровски вели „Очекувам дебатата да помине во фер и демократска атмосфера како што ни приличи на нас, тројцата кандидати“.