Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници.
Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.
-Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.
Таа појасни дека се работи за 17 – годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.