Бројни и силни детонации се слушале утринава во Славјанск, упориштето на проруските вооружени бунтовници на истокот на Украина, каде што денеска во 8 часот започна контроверзниот референдум за независност на таа област
Во текот на вечерта во градот имало пукање, а борбите продолжиле и утринаца во Андријовки кој се наоѓа на линијата на фронтот и каде што на 2 мај украинските сили започнаа „антитерористичка акција“.
Според информациите од терен, во судирот има жртви. Детонациите одекнувале околу полноќ, а недалеку од центарот се слушале рафали од автоматско оружје.
Во 8 часот по локално време, отворени се 56 избирачки места на кои повеќе од седум милиони граѓани во двата региона на источна Украина, Доњеџк и Луганск ќе се изјаснат за независност.
На гласачките места пишува „дали ја одобрувате независноста на Народна Република Доњецк“ и „дали ја одобрувате независнсота на Народна Република Луганск“.
Киев и западните земји соопштија дека не ги признаваат резултатите од илегалниот реферндум.