Детроит: Над десет ранети во неселективно пукање во воден парк

Повеќе од 10 лица, меѓу кои и деца, се ранети во пукање во воден парк во близина на Детроит во саботата вечерта, соопшти полицијата, окарактеризирајќи го инцидентот како неселекитвен оган.

Осомничениот сè уште беше во бегство доцна во саботата, но полицијата рече дека верува дека бил стеран во блиска куќа. На местото на настанот е пронајден пиштол, соопшти полицијата.

Маж испукал околу 30 куршуми од полуавтоматски пиштол „Глок“ калибар мм во паркот „Бруклендс Плаза Сплеш Пад“ во Рочестер Хилс, во сојузната држава Мичиген, околу 17 часот по локално време. Вооружениот напаѓач го наполнил пиштолот неколкупати, изјави шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар на прес-конференција.

Засега не е јасно дали има жртви, соопшти полицијата, која првично извести дека загинале пет лица. Според последните информации осумгодишно момченце е застрелано во главата и е во критична состојба, како и неговата мајка која е во критична состојба откако била ранета во стомакот и ногата, а неговото четиригодишно братче било во стабилна состојба со рана на ногата. Дригите шести настрадани се на околу 30-годишна возраст, меѓу кои и брачна двојка , и маж на 78-годишна возраст.

Рочестер Хилс се наоѓа на околу 50 километри северно од Детроит. Соседната заедница Оксфорд Тауншип, исто така во округот Оукленд, беше сцена на масовно пукање во училиште во 2021 година во кое тогаш 15-годишниот ученик Итан Крамбли уби четворица ученици и рани уште шест ученици и наставници во средното училиште Оксфорд.

„Ова е удар во стомакот за нас овде во округот Оукленд. Поминавме низ толку многу трагедии. Ние дури и не разбираме целосно што се случи во Оксфорд“, додаде Бушар.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер, на X изјави дека нејзиното „срце е скршен“ кога дознала за пукањето во Рочестер Хилс.