Детска клиника: Детето кое почина имаше сериозна бактериска инфекција

Во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2.5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција, информираат од Клиниката.

Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано 1 недела од страна на матичен лекар.

Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката.

Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите превземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина.