Во недела, со почеток во 12 часот, Македонската Опера и Балет ќе одржи матине претстава за деца. „Доктор Офболи“ е најгледаната детска балетска претстава за минатата година и по тој повод добитничка на „Златна Буба Мара“ за 2013 година.
Тоа е класична сказна за вечната борба помеѓу доброто и злото, во која на крајот, се разбира дека ќе победи Доброто. Изобилува со прекрасна музика, костими и сценографски елементи и децата ја следат со воодушевување. Кореографијата за оваа претстава на сцената на МОБ ја пренесе прославениот балет мајстор од Русија, Михаил Крапивин.