Детските игралиштата во Кисела Вода пусти и руинирани (ФОТО)

    Жителите на оваа скопска населба, попусто бараат изградба на паркови со содржини за деца, бидејќи со брзата урбанизација изминативе години, во населбата се издигнаа само купишта згради, на сметка на паркови и зеленило кое е повеќе од потребно, особено што оваа населба е со најзагаден воздух во Скопје.

    Купишта смет насекаде, скршени реквизите во детски игралишта, несредени тревници околу згради, ѓубре од контејнери расфрлано насекаде, запуштени квартови…

    Населбата Кисела Вода, пред пролетното будење, изгледа како ругло, а надлежните општински служби, очигледно веќе подолго време, не се будат…

    Жителите на оваа скопска населба, попусто бараат изградба на паркови со содржини за деца, бидејќи со брзата урбанизација изминативе години, во населбата се издигнаа само купишта згради, на сметка на паркови и зеленило кое е повеќе од потребно, особено што оваа населба е со најзагаден воздух во Скопје.

    Така, наместо паркови, децата добија неколку мали заградени детски игралишта, но и тие, надлежните забораваат дека откако ќе се изградат треба да се одржуваат.

    Ова се фотографии направени викендов, од детско игралиште лоцирано на улицата Христо Татарчев. Ваква е сликата и во другите неколку заградени локации предвидени за детска забава.

    Иако, времето викендов беше прекрасно, на игралиштето кое едвај му функционираат неколку реквизити, немаше деца.
    Кога надлежните ќе се запрашаат зошто е тоа така?