Детско-младински поетски камп: Поетски искри од огништето на Ванчо Николески- 2019

35

Утре, во организација на  Здружението за култура и литература “Мацково”, од Охрид,  во селото Лескоец, крај Охрид, започнува Првиот  Балкански детско – Младински  Поетски Камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019”.

Целта е да се обнови споменот кон писателот – втемелувач на литературата за деца и млади, легендарниот Ванчо Николески, низ заедничко другарување и создавање творештво  на деца и млади од пошрокиот балкански регион.

Исто така, наша определба е, по овој повод, да се соберат на едно место млади од трите дела, каде живеат Македонци, надвор од Македонија, како симбол на поврзување.

Учесник ќе биде и малата Катрин Коли, од Глазгов Шкотска, рекоредер во изучувањето на македонскиот јазик и спознавањето на македонскиот фолклор

Кампот  се одржува, во терминот од 17 до 20 јуни 2019 година, во  Охрид, селото Лескоец крај Охрид, Вевчани, кај Струга и најповеќе во Белчишта – седиштето на општина Дебрца, односно во Црвена Вода, родното село на Ванчо Николески, исто така, воопштина Дебрца.

Свечено отворање, е најавено за утре, 17 јуни, во 12, оо часот, во  Основно училиште “Ванчо Николески”, во Лескоец,крај Охрид. Пригоидна програма подготвуваат учениците, а ќе настапат и  малата Катрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска – вокал и играорка и нејзината мајка Доминика Коли Македонска, виолина)

Во Лескоец, ќе бидат прочитани Посланијата на генералниот секретар на Светската академија за поезија на УНЕСКО, госпога Лаура Троиси,односно на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендароски.

На настанот, најавено е присуството на градоначалниците на Охрид, Вевчани и Дебрца,како и на потомци од опеаниот лик во “Волшебното Самарче”, курирчето Трајче, како Бранко Азески и други.

Учесниците ќего посетат и ќе положат цвеќе на гробот на Ванчо Николески – Охрид, додека делегација на Сојузот на борците и поддржувачи, предводена од претседателот на Општинската организација за Охрид и Дебрца, Гоце Ѓорѓиески, ќе положи цвеќе на гробот на Трајче Трајчески – курирчето Трајче,

Утре, на првиот денм, следи посета на седиштето на СВП и прием кај директорот Тодорче Тасевски.Потоа учесниците, првиот творечки ден, ќего минат во Вевчани, на изворие и  Пупинова куќа, а ќе бидат примени од градоначалникот Сашо Јанкоски.

Во Вевчани, поетскиот портрет на последниот добитник на книжевното признание – наградата за деца и млади “Ванчо Николески”, за 2018 година на ДПМ, за романот за деца „Не паркирај гаража“, од Трајче Кацаров, ќе го претстави професор д-р  Христо Петрески, претседател на Собранието на ДПМ.

Во вторник, вториот ден, учесниците  во  Белчишта, ќе ги прими градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, по што следи, разгледување на експонатите во Галеријата на ликовната колонија Дебрца (најстара и најбогата во Република Северна Македонија), како на природниот воден басен и резерват “Сини Вирој”, како и посета на индустрискиот капацитет за производство на камини на пелети “Милкуз” во село Белчишта,кадедомаќини ќе им бидат сопствениците, Мери и Мише Кузманоски. Попладнето ќе пристигнат на целното одредиште – селото Црвена Вода, што ќе биде време за творештво.

Во Црвена Вода, ќе бидат и во среда, каде ќе создаваат, а ќе имаат прилика да ја посетат родната Куќа на Ванчо Николески, неговата Спомен соба, како и Спомен куќата на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и соодветната изложба на фотографии.

Мештаните им подготвуваат ручек со специјалитети карактеристични за   селото и за регионот Дебрца,додека еден од најстарите жители ќеим евоцира спомени од детството на големиот детски писател Николески.

За целото време,со децата, како медијатори ќе бидат истакнатиот поет и педагог, професор д -р  Христо Петрески, претседател на Собранието на ДПМ, Петко Шипинкароски – писател и поет, публицист, драматург, ессеист и литературен критичар, Тоде Илиески, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист, Трајче Кацаров, писател и Веле Митаноски, професор по книжевност и македонски јазик, новинар и публицист – претседател на Здружението за култура и литература “Мацково”

Учесниците ќе имаат средба со академик Луан Старова и неговиот хрватски издавач кој моментно престојува во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.