Девет бунтовнички групации се обединија против владата на Етиопија

етиопијаДевет етиопски бунтовнички групации објавија во петокот сојуз против владата на премиерот Абији Ахмед и предводени од бунтовниците од сојузната држава Тиграј се закануваат со марш на главниот град Адис Абеба.

Поради екалацијата на судирите на северот од Етиопија, во петокот САД ги повикаа населението „што е поскоро можно“ да ја напуштат оваа африканска земја.

Сојузната етиопска влада една година е во вооружен конфликт со борците од Фронтот за националнио ослободување на Тиграј (TPFL), коишто изминатите месеци напредуваа надвор од својот региони, особено во областа на државата Анхара.

TPLF доминираше во етиописката политика речиси три децении, но го загуби големото влијание кога Абији Ахмед ја презема должноста во 2018 година по долгите антивладини протести. Ахмед е припадник на народот Оромо, добитник на Нобеловата награда за мир пред две години за решавање на деценискиот конлфикт во регионот. Односите со TPLF се влошија откако го обвинија премиерот за централизирање на власта на сметка на етиопските регионални сојузни држави, обвинување кое Ахмед го негира.

TPLF и нивниот сојузник Војската за ослободување на Оромо (OLA), вооружена групација на народот Оромо, не искчлучуваат марш на етиопската престолнина Адис Абеба за да ја турнат владата на Абији Ахмед. Неговата влада, пак, негира дека постои каква и да е закана за престолнината, иако уште во вторникот ги повика жителите кои имаат оружје да се орагнизираат за да ги бранат своите наслеби.

Од TPLF и OLA најавија во петокот дела ќе се здружат против владата со седум други помалку познати организаци од разни региони и народи. TPLF веќе беше во коалиција со други етнички и географски гупации кон крајот на 1980-те години, првични поради соборувањето на автократот Менгисто Хајлемаријам во 1991 година. Тоа коалиција со којашто доминираа Тиграјците, ја водеше земјата три децени до појавувањето на протестното движење кое го доведе Ахмед на власт, кој по земањето на владата постепено го отстрануваше TPLF од сојузната власт.

По повеќемесечните тензии, Ахмед во декември 2020 година ја испрати сојузната војска во Тиграј за да ги сибори регионалните власти произлезени од TPFL обвинувајќи ги за напад врз базите на федералната армија. Од тогаш и двете страни војуваат останувајќи глуви на апелите од меѓународната заедница на склучување примирје и на преговори.

Во Етиопија во вторникот беше прогласена вонредна состојба, што им овозможува на властите без налог да го притвораат секое лице осомничени дека поддржува „терористички групи“ и да ги укинат медиумите за кошто ќе оценат дека „пружаат директна или индиректна морална поддршка“ на TPLF.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Amnesty International ги критикуваше овие мерки откако, како што изајавиле нејзините адвокати за AFP, илјадници жителите на Тиграј се уапсени по прогласувањето на вонредната состојба.