Девет цивили убиени, тринаесет ранети во Доњецк

Најмалку девет цивили се убиени, а тринаесет се ранети во артилериски напади на украинската армија во Доњецк врз Петровскиот и Киевскиот регион на Доњецк.

Една станбена зграда е разурната во нападот, а друга е опожарена, оштетени се гасоводи.

Проектили паднаа на помалку од еден километар од стадионот на фудбалскиот клуб Шахтор, а самиот клуб, повеќе кратен украински шампион, го напуштил градот поради конфликтот.