Декорирањето на домот може да биде вистински стилкси предизвик, поради што е важно да му се препуштите на слобосниот дух на уредувањето, но и да обрнете внимание на сите грешки што може да ги направите.
Иако сите сакаме нашиот животен простор да биде пријатен, удобен и убав, украсен со декор според нашиот личен стил, често се случува од нашата голема желба за совршена оаза сепак може да направиме некои клучни грешки што ја нарушуваат хармонијата и убавината на нашиот дом.
Еве неколку најголеми грешки во декорирањето, што би требало да ги избегнувате.
Бела софа или кревет
Белата боја на софата или гарнитурата за седење е најчест избор – таа е чиста, јасна и пружа голем број идеи за декорација на околниот простор. Но дури и ако сте решиле чевлите, храната и пијалоците да ги оддалечите од дневната соба, софите можеби се најпосетеното место во домот, па така и најобичното седење (на дневно ниво) може да остави грди траги од нечистотија. Ако сепак се одлучите за бел кревет, задолжително изберете престилка во кремаста или сива нијанса.
Остри маси
Ако имате деца што трчкаат наоколу (или можеби планирате) убавото стакло или месинганата масичка за кафе може да претставува голем ризик за повреди. Затоа е важно да се ослободите од острите рабови и агли и да се определите за кружни масички, со глатки рабови и тапацирани делови што ќе ви пружаат удобност.
Мермерна плоча
Иако е преубав, мермерот е помек и попорозен материјал што е склон на оштетувања и на менување на бојата во однос на гранитот или кварцот. Ако многу готвите на мермерната плоча или ако не сакате да се грижите за ставање подметачи секој пат кога некому ќе му ставите чаша вино, подобро е да се определите за некој друг потраен материјал.
Амбициозни предмети што ќе ги направите сами
Голем број нешта од типот „изработете сами“ може да ви се чинат забавно кога ги гледате на Јутјуб, но ако досега не сте имале искуство со уметничките ракотворби, можеби би било подобро работата да им ја препуштите на професионалците. Дури и најмалите грешки што ќе ги направите може да влијаат на брзото расипување што ќе изгледа неуредно.
Шарени ѕидови
Размислете за најефективниот дезен што го имате во гардароберот. Дали би можеле да го носите секој ден? Истото правило применете го и на ѕидовите. Жешките бои, дезени и украсни детали на ѕидовите во дневната соба никако не се добар избор, затоа што освен што визуелно ќе го смалат просторот, ќе го направат и премногу нападен. Ако навистина имате некоја ефективна идеја за ѕидовите употребете го прво во помалите, невпечатливи простори, како што е тоалетот или ходникот.
Влакнести теписи
Удобните теписи од грчка волна се мошне ретро и шик и секако дека се најдобри пријатели на вашите стопала. Сепак тие се склони на кубење и тешко се чистат, а материјалот е погоден за собирање прашина и нечистотија.
Било што што е тренди и скапо
Опремувањето на домот по последните трендови најчесто е погрешен начин на декорирање, затоа што токму концентрацијата на шик детали може да предизвика пренатрупаност од украси и несогласување со претходниот стил. Поигрувајте се со трендовите што треба да се испреплетуваат и да се надополнуваат и секогаш држете се до основата. Притоа, потрудете се секогаш да купувате не многу скапи парчиња, што потоа лесно може да се исфрлат и да се променат.
Неудобни трпезариски столчиња
Ова можеби веќе го знаете, но најдобро е да седнете пред да ги купите новите трпезариски столчиња. Притоа, не седнувајте право со грбот залепен за потпирачот, додека стопалата ви се на подот, туку најдете некоја опуштена положба, прекрстете ги нозете и уверете се дека на вашите гости ќе им биде удобно да седат на нив.
Прозорци без завеси и драпери
Без разлика на тоа што прозорците без завеси често изгледаат модерно и му даваат на просторот ведрина и пријатна енергија, всушност УВ зраците се толку моќни што може да осветлат и да го оштетат вашиот мебел во голема мерка. Плус во вашата дневна соба секогаш ќе има впечаток на несреденост и на недовршено декорирање.