Девет лица се приведени, пронајдена е дрога при претрес на угостителски објекти во Скопје

Девет лица се лишени од слобода бидејќи кај нив била пронајдена дрога при полициската контрола извршена во повеќе угостителски објекти во Скопје. Приведените се на возраст од 22 до 33 години.

„На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана. При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и на 5 патнички возила“ – стои во известувањето од МВР.