Девет лица загинаа, а 11 се хоспитализирани поради истекување на гас во фабрика во градот Лудијана во северната индиска држава Пенџаб, објави во неделата државната новинска агенција ANI.
Агенцијата наведува дека на местото на несреќата пристигнала екипа на Националните сили за одговор при катастрофи.
Полицијата патролира низ градот со маски на лицата и ги предупредува локалните жители да се држат подалеку од контаминираната област, објавија медиумите.