Девет мртви во експлозија на автомобил-бомба во Кабул

Автомобил бомба чијашто цел бил авганистански пратеник усмрти најмалку девет лица, меѓу кои и жени и деца, соопшти полицијата на главниот град Кабул.

Пратеникот Кан Мохамад Вардак па преживеал експлозијата, но и тој е меѓу дваесетината повредени жени и деца, сооштилаваганистанскиот министер за внатрешни работи, Масуд Андараби.

Засега не е познато дали експлозијавот бил ставен во автомобилот кој бил паркиран на рутата по која минувал пратеникот или, пак, автомобилот го управувал бомбаш-самоубиец, додал Андараби.

Засега ниедна од екстремните исламистички групации кои се активни во Авганистан не ја преземал одговорноста. Се претпоставува дека причината за тоа е што во нападот има цивилни жртви, особено деца и жени.

Авганистан изминатите седмици се соочува со голем раст на насилството, особено со бомбашки напади, додека владата и талибаните преговараат за запирање на 20-годишната војна во земјата.

Во неделата, исто така, се пријавени и експлозии во покраините Логар, Нангахар, Хелманд и Бадакшан, во кои се убиените и ранети цивили и припадници на безбедносните сили. Во петокот во експлозија на бомба поставена во авганистанската верзија на рикшите, беа убиени 15 цивили од кои 11 беа деца, во централната провинцијата Газна.

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека талибаните убиле 487 цивили и раниле 1.049 лица, во 35 самоубиствени напади и 507 експлозии ширум земјата во последните три месеца. Радикалното исламистичко движење чија власт беше соборена со инвазијата предводена од САД во 2001 година, ја отфрли својата вмешаност во најголемиот број од овие напади.