
Швајцарија никогаш не била толку богата како денес, а сепак парадоксално, голем број нејзини граѓани се соочуваат со финансиски проблеми на крајот на месецот, објави МИА
Според истражувањето што го спроведе швајцарскиот Федерален завод за статистика, девет отсто домаќинства едвај составуваат крај со крај, објави Унијата на швајцарските синдикати.
Последните 20 години од економскиот просперитет најмногу профитираа бизнисмените, акционерите и работодавците, додека голем број на невработени останаа со празни раце, дури се чувствуваат несигурно и се под големи притисоци во секојдневната работа, наведува синдикатот.