Девет починати и 1.396 новозаразени со ковид-19

Во изминатите 24 часа направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 348 пациенти, а 9 пациенти починале.

Во Скопје има 790 новозаболени, 164 во Битола, во Прилеп 80, Кавадарци 41, Куманово 31, Охрид и Гевгелија по 26, Гостивар 24, Кичево 22, Велес 21, Ресен 19, Тетово 18, Неготино 17, Штип и Кочани по 16, Струга 12, Крушево 9, Пробиштип 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7, Валандово и Македонски Брод по 6, Струмица 5, Делчево 4, Богданци и Пехчево по 3, по двајца во Виница и во Кратово и по еден нов случај на ковид-19 во Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и во Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати на 17 и на 18 декември 2021 година. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и двајца во домашни услови.

Направени се 11.479 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-123, ЦЈЗ Прилеп-77, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-253, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –7,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3,Жан Митрев (Филип Втори)-198, Авицена-313, Биотек-501, Систина-179, лабораторија Лаор-932,Синлаб-158, Ремедика-30, Плодност-222, Генеа-13, Никоб Лаб-1.048, ВФВ Медикал-159, Ели Медика-599, Ројал Медика–120, Спектра-ММ-63, Рапид Лаб–71, ЖанМитрев Струмица–71, Нова Лаб Дијагностика–60, Рамус-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 5.845.

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.