
Полицијата приведе девет лица по синоќешните протести пред Собранието поради договорот со Грција, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи за акцијата на полицијата во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје.
„Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон Жена парк. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети, се наведува во соопштението на МВР.
Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.