Сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, четворица кои не ги почитувале правилата за престигнување, осум возеле без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 25 за непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, од наша страна се отстранети 39 возила.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“ во општина Центар.
Вработените во МЗТ „Леарница“ ад Скопје денеска со почеток во 12 часот ќе оддржат протест пред Собранието на РМ, Владата на РМ на бул. „Илинден“ и пред други објекти во централното градско подрачје.
Протест најавија и вработените во фабриката „Југохром“ од Јегуновце, кои ќе протестираат од 12 до 13 часот на крстосница од булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“ и пред „Судска палата“.
Со цел безбедно одвивање на сообраќајот од МВР најавуават дека ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување физичко регулирање на сообраќајот.