Девет технички неисправни автобуси што вршат превоз на ученици, исклучени се од сообраќај

Во понеделникот претпладнето во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради констатирани технички неисправности.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, информираат од МВР.