Девет загинати во налет на автомобил на пешаци во Сеул

Автомобил влета во пешаци во близина на градското собрание на Сеул, при што загинаа девет лица, а најмалку четворица други се повредени, објавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата и пожарникарите.

Претставник на полицијата за Reuters изјавил дека полицијата истражува на местото на настанот и одбил да даде дополнителни информации.

Телевизијата YTN објави дека возилото удрило во пешаците кои чекале на пешачкиот пешачки премин, откако удрило во други два автомобили. На видеото снимено од очевидец може да се види како полицаец се обидува да реанимира едно лице кое лежи на земја каде што го удрилo автомобил.

Патничкиот автомобил возел во спротивната на насока и се судрил со други два автомобила непосредно пред да удри во пешаците, јавуваат јужнокорејските медиуми. Извештаите наведуваат дека возачот во доцните 60-ти години зборувал за ненадејно, ненамерно забрзување. Тој е приведен, објавија медиумите.

Полицијата во Сеул веднаш не ги потврдила извештаите на барање на Associated Press.

Портпаролот на јужноикорејската служба за итна помош Ким Чун-су на брифинг изјави дека еден од четворицата повредени е во тешка состојба.

Претседателот Јун Сук Јеол му нареди на својот министер за безбедност и началникот на агенцијата за вонредни состојби да вложат максимални напори за да им помогнат на жртвите.