Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер го погодил регионот Молизе во јужна Италија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на најсилниот земјотрес бил во близина на Монтечилфроне, на длабочина од 12 метри и направи помали материјални штети. Испукале ѕидовите на неколку куќи, оштетени се балконите, но немаше поголема штета.
Сепак, луѓето во паника бегаа од куќите, а едно дете беше повредено кога во страв скокнало од балконот, рече АП.
Одделот за противпожарната служба соопшти дека немало повик за спасување од областа близу до епицентарот и забележале дека е пријавено само мало оштетување на некои објекти.
Според податоците на италијанскиот сеизмолошки институт, регионот за неколку часа го погодиле девет земјотреси, од кои најсилниот изнесувал 5.1 степени според Рихтер, додека другите околу четири степени.