Ако сексот во тројка е и вашата најголема фантазија, послушајте ги секс советите на експертот Крис Максвел Роуз која открива како можете да препознаете дали и вашата девојка го сака истото што и вие.
Таа е отворена за нови еротски авантури
Пред и да размислите за опцијата за секс во тројка, би требало да направите мали чекори. На тој начин ќе ја видите нејзината реакција и евентуалниот интерес за такво нешто.
Било да е во прашање испробување на нови секси играчки или уживање во секс на отворено, пробајте нови секси авантури во кои што ќе уживате само вие двајцата пред да донесете трета личност во вашата постела, вели Роуз.
Подготвена е да ги открие своите фантазии
Првиот чекор кон можноста за секс во тројка е отворен разговор што ќе подразбира и експлицитни детали. Испробајте ги еден со друг вашите фантазии и откријте дали вашите афинитети се поклопуваат. Доколку таа не е подготвена да говори за нејзините „валкани“ детали, веројатно не е подготвена за тој чекор, открива Роуз.
Сака да гледа филмови за возрасни
Не сакаат сите жени порно филмови, но ако вашата партнерка понекогаш заедно со вас гледа вакви содржини постојат големи шанси дека е подготвена за секс во тројка, вели Роуз.
Со мали чекори кон секс во тројка
Наместо веднаш да донесете трета личност во вашиот кревет, Роуз сугерира да експериментирате со помали чекори (гледање порно филмови, споделување на фантазии или било што) што ќе ви помогне заедно да ја пронајдете вашата комфортна зона без да ја ризикувате целата врска.
Ужива во сексот
За добар секс во тројка потребни се тројца луѓе што го обожаваат сексот. Тоа не значи дека вашата партнерка треба да има повеќекратни оргазми за време на сексот и да биде вистински акробат во креветот, туку вистински да ужива во допирите, сензуалноста и возбудувањето што настанува за време на сексуалниот однос.
Поседува сексуална самодоверба
Голем број жени имаат проблеми со сексуалната самодоверба, па секое осудување или критика во однос на сексот ќе ве оддалечи од намерата да имате секс во тројка. Жените што имаат самодоверба во креветот го сакаат своето тело кога се голи, немаат проблем да покажат чувства и подготвени се да експериментираат што е супер подлога за воведување на трет партнер во сексуалниот живот.
Не се натпреварува со други жени
Доколку вашата партнерка се плаши од присуството на другата жена и почнува да се чусвтвува лошо затоа што смета дека таа е поубава и попривлечна, ќе дојде до непотребен натпревар и тензии за време на сексот, што ќе се одрази лошо на вашата омилена фантазија.
Сака да флертува и да ве посматра како флертувате
Доколку таа не може да пооднесе да ве гледа како флертувате со други жени, тогаш заборавете на секс во тројка. Но ако и двајцата се возбудувате додека се гледате како флертувате со други луѓе, тоа се добри сигнали дека и за време на сексот во тројка нештата ќе одат според планот.
Сексот во тројка е и нејзина фантазија
Најдобриот знак за нејзината подготвеност за секс во тројката е фактот дека тоа е и нејзина фантазија. Убедувањето и приморувањето во главно не успеваат, затоа треба да ја прашате што мисли за оваа идеја.