Деветмина починаа, 98 нови случаи на Ковид-19

Девет лица починаа, а 98 се новозаболени од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања, а регистрираните 98 нови случаи се во: Скопје – 50, Куманово – 6, Штип – 4, Прилеп – 5, Тетово – 7, Струга – 3, Велес – 1, Битола – 4, Охрид – 2, Гостивар – 1, Струмица – 9, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Берово – 1, Делчево – 2, Кичево – 1.

Меѓу починатите, еден е од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), Куманово (60), Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44). Oд нив 8 се починати во болнички услови, а една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 6.373, активни 540

Куманово 1.611, активни 195

Дебар 268, активни 35

Штип 1.209, активни 70

Прилеп 567, активни 130

Тетово 1.312, активни 116

Струга 630, активни 66

Велес 289, активни 17

Битола 249, активни 51

Охрид 396, активни 56

Кавадарци 202, активни 30

Гостивар 857, активни 92

Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

Струмица 112, активни 49

Крива Паланка 84, активни 36

Радовиш 52, активни 9

Крушево 18, активни 2

Кочани 191, активни 53

Пробиштип 97, активни 20

Демир Хисар 60, активни 1

Македонски Брод 84, активни 7

Пехчево 42, активни 23

Берово 74, активни 27

Валандово 11, активни 3

Виница 94, активни 27

Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 24, активни 5

Свети Николе 309, активни 18

Кичево 291, активни 28

Ресен 153, активни 6

Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.404 теста се преку: ИЈЗ 229, ЦЈЗ Скопје 28, Авицена 253, Биотек 239, МАНУ 163, Клиника „Жан Митрев“ 176, Систина со PCR метода 179, лабораторија Лаор 49, Судска медицина 16, ЦЈЗ Битола 39, Инфективна клиника 3, ГАК 15, Синлаб 15, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респираторна машина се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 50

Гази Баба – 74

Аеродром – 86

Карпош – 74

Центар – 72

Кисела Вода – 54

Ѓорче Петров – 26

Бутел – 35

Шуто Оризари – 13

Студеничани – 9

Сарај – 15

Арачиново – 9

Илинден – 8

Сопиште – 2

Чучер Сандево – 2

Петровец – 4

Зелениково – 1

Странец – 3

Нераспределен-3