Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници, ги осуди на казна затвор, од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, на казна затвор од 4 години и 6 месеци.
Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија на казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
Три години затвор доби и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Никој нема право да ја узурпира правната држава за интереси на поединци и групи, рече судијата Огнен Ставрев при изрекувањето на пресудата. Судијата рече дека е нанесена штета врз изборната волја на граѓаните.
Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелациониот суд ги спаси од кривичен прогон. Првото рочиште за овој предмет се одржа на 24 април 2018 година.