Деветнаесет лица загинаа во напад на бунтовниците во Алепо

Најмалку 19 цивили загинаа, а 120 се ранети вчера во бунтовнички напади врз квартовите, под контрола на сирискиот режим во сирискиот град Алепо, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

– Гранатите, истрелани од бунтовниците врз квартовите, под контрола на режимот, убиле најмалку 19 лица, меѓу кои три деца, а ранети се 120 лица, изјави Рами Абдел Рахман, директор на Центарот.

Сириските држави медиуми јавија за 16 загинати и 86 ранети, а според нив нападите се извршени од Фронтот ал Нусра, огранок на Ал Каеда и неговите сојузници.

Најмалку четири лица, вклучувајќи едно дете загинале во напад во северниот дел на Алепо извршен од страна на силите на режимот на претседателот Башар ал Асад, додаде Центарот.