Светскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал се закити со деветата титулар на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, откако во финалето го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 3:6,7:5,6:2,6:4.
Ова е вкупно 14. грен слем титула за Надал, кој го изедначи рекордот на Пит Сампрас. Единствено повеќе титули од нив има Швајцарецот Роже Федерер .
Во 42-та меѓусебна пресметка меѓу Надал и Ѓоковиќ, и 23 победа на Шпанецот кој ја прекина низата од четири последователни порази од Србинот.
„Да се игра против Новак е голем предизвик. Мислам дека вториот сет во одреден сегмент го одлучи победникот. Среќен сум што по четири порази од Новак сега победив. Ова е дуел на два одлични тенисери и секако и Ѓоковиќ да го освоеше овој турнир ќе беше заслужено“, изјави Надал.