Девизните резерви 3,8 милијарди евра на крајот на јули

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 3.801,7 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8%), по што следуваат валутите и депозитите (25,6%) и монетарното злато (10,4%).