(ВИДЕО) Девојченце маскирано во бубамара застрелано во Чикаго

Седумгодишно девојченце маскирано во бубамара е застрелана во градите во четвртокот попладнето по локално време во Чикаго, додека со татко си одела по улицата во традиционално собирање слатки а Ноќта на вештерките, објави чикашката полиција.

Животно загрозеното девојче итно било пренесено во болница. Девојчето било погодено околу 17,30 часот кога од другата страна на улица во чикашкиот кварт Литл Вилиџ некој извадил пушка и почнал да пука, објави полицијата.

Триесет и едногодишен минувач бил погоден во левата рака и е пренесен во друга болница, соопштила противпожарната служба. Според локалната телевизиска станица CBS Chicago,пак, група од три лица го прогонувала мажот и го застрелале.

„Претходно вечерва седумгодишно девојче беше застрелано додека собирала слатки… Група сторители бркајќи друго лице отворила оган кон него. Ја погодиле неа, во вратот и во пределот на градниот кош…. Детето е во критична состојба“, изјавил за телевизијата портпаролот на локалната полиција, Роко Алиото.

Додал дека повреденото девојченце е однесено во болница каде што се „бори за живот“ и предупредил дека напаѓачите избегале од местото на настанот и сѐ уште се на слобода.

Полицијата нема опис на лицата и никој не е уапсен, пренесува CBS Chicago. Се додава дека истрелите започнале во времето кога на улицата имало многу деца кои оделе од врата на врата во традиционалното собирање слатки.