Четиригодишно девојче со амбиции да си го обезбеди првото место во редот за влез во локалната детска градинка среде ноќ побегнало од дома за да го дочека нејзиното отворање, соопшти во неделата полицијата во германскиот град Уне.
Непоколебано од студените и влажни временски услови, без ништо со себе како ќебе, девојченцето се сместило пред градинката и чекало да се отвори, пренесува новинската агенција dpa.
Случајан минувачка го забележал девојчето во 5,30 часот утрото, многу пред мугрите во најдолгата ноќ во годината и веднаш ја известила полицијата во гратчето источно од Дортмунд.
Родителите на девојчето биле шокирани кога полицијата ги разбудила во друштво на нивната ќерка.
Да не била случајната минувачка, можеби ќе го чекала предолго отворањето на градинката, затворена во неделата, а следните денови по повод божикните празници.