Девојчето кое се загуби во Прилеп најдено во Битола

Пронајдена е Ана Марија која се загуби во Прилеп.

Според информациите од МВР за „Макфакс“, 15-годишната тинејџерка била најдена на територијата на Битола и веќе е со своите родители.

Синоќа на социјалните мрежи, роднините на девојчето бараа помош за нејзино пронаоѓање. Пишуваа дека последен пат била видена на постојка Ропотово додека чекала превоз.