1.8 C
Skopje
недела, јануари 26, 2025

Девојка од Кина избркала силувач – се закашлала и извикала дека има вирус

Девојка од Кина избркала маж кој сакал сексуално да ја нападне со тоа што почнала да кашла и рекла дека штотуку се вратила од Вухан.

Осомничениот, кој полицијата го именувала како 25-годишен Ксијао, влегол во спалната соба на жртвата (идентификувана како Ји), која живее во градот Jингшан, близу Вухан.

Кога ја нападнал, девојката извикала во очај, “Само што се вратив од Вухан. Се заразив. Јас сум во домашен карантин!” Ји потоа почнала да кашла и се обидела да го истурка Ксиао, кој си ја покрил устата со рака и се обидел да избега, соопшти локалната полиција.

Кога Ксијао ја слушнал жртвата, се исплашил и избегал. Но, пред тоа, од Ји украл 3080 јуани (околу 3600 долари), пишува „Дејли меил“.

 Ксијао, придружуван од неговиот татко, се предал во полицијата во понеделникот. Тој се изјаснил за виновен и сега е во притвор.

Да потсетиме дека во Кина се зголемува бројот на заразени со коронавирусот. Досега од оваа болест умреле најмалку 427 лица, а над 20.000 се заразени.