Двесетгодишна девојка од околината на Тетово е осомничена дека од пред три години отворила профил на социјални мрежи на друго лице, на кои објавувала компромитирачка содржина.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А. од селото Гургурница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во текот на јуни 201 6година пријавената на социјалната мрежа „Instagram“ и апликацијата „Snapchat“, креирала лажни профили со лични податоци на име на 31-годишната В.К. од Тетово и на нив објавувала фотографии од В.К. со компромитирачка содржина.