
Девојка на возраст од 18 години се нашла во морето откако се обидела да ја дофати чантата којашто ѝ паднала во водата. Спасена е 12 часа подоцна благодарение на двајца рибари.
Настанот се случил во близина на грчкиот остров Агиос Николаос. Девојката движејќи се по карпестите делови на островот се лизнала и паднала во водата, а силните струења ја одвлекле кон длабочините.
Кога ја пронашле таа била изнемоштена и скоро без свест. Имала хипотермија и не ги чувствувала нозете.
Таа била итно префрлена во болницата на островот, а нејзините родители веќе ги алармирале властите и ја прогласиле својата ќерка за исчезната.