Девојка починала откако ѝ се слошило во хотел во скопски Чаир

Ноќта кон неделата, околу еден часот по полноќ, скопската полиција добила известувње од службата за брза помош дека починала 27-годишна гостинка во хотел во скопски Чаир, која била пренесена во болница откако ѝ се слошило во хотелот,

„На 13.11.2022 во 00.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на улицата „Чаирска” за укажување лекарска помош била земена Р.Д. (27), и таа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“  каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство“, известуваат од Министерство за внатрешни работи.

Увид во хотелот извршила екипа од СВР Скопје, а телото на починатата девојка е предадено на обдукција.